Некогашната плејбој-зајчица, Памела Андерсон, минатата година откри „сочни“ детали за оргиите што се одржувале во вилата на Хју Хефнер.
„Во средината на 80-те бев на журка во куќата на Хју Хефнер во Лос Анџелес. Имаше многу девојки кои беа голи и се симнуваа по скалите. Се качив горе да вдам за што се работи. Влегов во собата и го затекнав Хју на креветот со седум голи девојки. Прво помислив дека снимаат филм, а потоа сфатив дека сите чекаат да им се придружам и да имам секс со Хју. Сфатив дека не се работи за филм и си помислив: Време е да се губам одовде“, раскажала Памела, која додала дека се изнагледала разни чудни работи во вилата на Хефнер.
„На ѕидовите имаше големи ТВ екрани на кои се гледаше Хефнер, кој на девојките им правеше луди работи со бебешко масло“, објаснила Андерсон и додала дека Хју бил прекрасен и шармантен човек кој обожавал жени и дека никогаш немала чувство дека ја искористил.