На германската канцеларка Ангела Меркел изгледа не и е добро. Таа повторно се тресеше во текот на церемонијата во Берлин, а истото и се случи и пред десет дена кога го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски.
65-годишната Меркел стоеше до германскиот претседател Франк Валтер Штајнамер на церомонијата на назначување нов министер за правда, кога почна да се тресе. На Меркел и понудиле вода, но таа ја одбила.
АП пренесува дека по пола час германската канцеларка стигнала во парламентот и изгледала добро.
.