Дефинитивно на македонската политичка сцена има проблем со препознавање на знамињата на странските држави. Откако пред дваесетина дена словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон во кабинетот на својот колега Бујар Османи беше пречекана со знамето на Република Словачка, повторно нова утка.
Имено, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски кој деновите е во посета на САД, заедно со пратеници од Собранието на Република Македонија на социјалните мрежи, споделувајќи објава од амбасадата на САД во Македонија, наместо америчко, стави знаме на Либерија.