Анџелина Џоли последниве години е се послаба и послаба. Актерката висока 169 сантиметри, некогаш нејзината килажа била меѓу 54 и 56 килограми, а сега е под 40 кг. Џоли вели дека се е последица на стресот, од смртта на мајка и до разводот со Бред Пит. Сепак, главна улога има нејзината исхрана.
Имено, Анџелина се држи на посебно мени на кое обавезно има супа и житарици, и оброк од мешавина на чиа семки, просо и ражи за кои актерката вели дека и даваат енергија. Џоли особено внимава на големината на порцијата.
Американските медиуми пишуваат дека нејзиното дневно мени изгледа вака:
Доручек: Лажица масло од кокос и житарици
Ручек: Протеински шејк, неколку бадеми и гумени бонбони.
Вечера: Тенко сечено парче месо и чаша вино.
Нејзините соработници велат дека таа често заборава да јаде. Исто така Џоли и редовно вежба, а во нејзиниот дневен распоред се јогата и кикбоксот.