Младата француска спортистка, Луси Дуади, светската шампионка во качување на карпа го загубила животот по пад од карпа во близина на својот дом во југоисточна Франција, соопшти француската федерација во качување.
16- годишната Луси беше голема надеж на француското и светското качување на карпа.
Младата Луси која била голем вљубеник во екстремните спортови, била со група од пријатели кога се лизнала и паднала од карпа висока 150 метри, засега не се познати точните околности за нејзината смрт.
„Луси беше многу перспективна млада спортистка. Со 16 години иднината беше пред неа. Денеска целата федерација е во жалост“, порачале од ФФМЕ.
Луси Дуади била светска јуниорска шампионка во дисциплината качување на карпа.