Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Питер Витингем загина на 35 години откако паднал по скали. Од повредите тој итно завршил на интензивна нега, иако лекарите вложија напор да му го спасат животот, но на крајот тој починал.
Оваа вест ги шокира многу пријатели и соиграчи на Витингем, кој беше член на репрезентатциите на Англија до 19, 20 и 21 година.
Витингам кариерата ја почна во Астон Вила, а играл уште за Барнли, Дерби Каунти, потоа Кардиф Сити, а пред две години во Блекбурн.