Директорот на „Лукоил“, Равил Маганов, загина откако паднал од болнички прозорец, јавува телевизискиот канал РЕН, не наведувајќи го изворот на информацијата.
67-годишниот топ-менаџер на нафтена компанија се лекувал во Централната клиничка болница во Москва, во одделот сместен на шестиот кат.
Извор на Интерфакс исто така изјави дека Маганов починал.
„Утрово Маганов падна од прозорецот на Централната клиничка болница. Почина од повредите“, рекол изворот.
Телеграмскиот канал Маш исто така ја објави неговата смрт. Од неговата порака произлегува дека тој можеби се самоубил. Нема независна потврда за оваа информација.
Агенциите за спроведување на законот на Москва потврдија за ТАСС дека маж паднал од прозорецот на Централната клиничка болница и дека починал. Името на починатиот не е објавено.
Од „Лукоил“ сѐ уште не се изјасниле за ова.
Во 1980-тите, тој работеше во „Лангепаснефтегаз“, кој стана дел од „Лукоил“, основан во 1991 година. Маганов е автор на името на компанијата „Лукоил“. Од 1993 година е член на одборот на директори на Лукоил“, а во 2020 докде на негово чело.