ПАДНАЛА ОД ТЕРАСА: Загина италијанската амбасадорка во Австралија

by Тони Зографски

Амбасадорката на Италија во Австралија Франческа Тардиоли (57) починала откако паднала од тераса во Фолиња, нејзиниот роден град каде отишла на одмор.

Според првите податоци, амбасадорката изгубила рамнотежа и паднала преку оградата на терасата, јавува ЦДС.

Полицијата која брзо пристигнала на местото на несреќата можела само да констатира смрт.

Тардиоли ја извршуваше функцијата италијански амбасадор во Австралија од 2019 година.

Таа претходно работела во италијанските амбасади и конзулати во Албанија, Саудиска Арабија и Либија, во НАТО и во италијанското Министерство за надворешни работи.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com