Најпознатата австралиска креаторка Карла Зампати почина денес на 78 години, по падот по скалите во Сиднејската опера.
Гардиен пренесува дека Зампати била хоспитилизирана по падот по скалите во Сиднејската опера каде што присуствувала на премиерата на “Травијата“. По седум дена во болница таа денес починала.
Славната креаторка е родена во 1942 година во Италија, а во 1950 емигрирала во Австралија. Во 1965 ја основала својата модна компанија.
Нејзините креации ги носеле највлијателните жени во Австралија, како и данската принцеза Мери, глумицата Никол Кидман, поранешната австралиска премиерка Џулија Гилард…