Безбедносните сили уапсија повеќе од 5.000 членови на банди во Ел Салвадор за нешто повеќе од една недела, изјави претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле. Букеле преку Твитер објави дека за 8 дена се уапсени 5.184 членови на бандата, а објави и фотографии од приведените и видеа од оклопни возила.
Полицијата претходно објави дека само во неделата уапсила 100 осомничени. Тие се обвинети за недозволено поседување оружје, членство во криминална организација, поседување дрога и сексуално насилство. Владата во Ел Салвадор неодамна прогласи вонредна состојба поради бранот насилство поврзано со бандите. Зголемени се и казните за злосторства извршени од членови на бандата.
Организациите за човекови права изразија загриженост, а Букеле рече дека невладините организации, активистите за човекови права и новинарите се сојузници на бандите. Стана јасно кои се соработниците на членовите на бандата“, се вели во твитот објавен од Букеле во неделата.
Ел Салвадор, земја со 6 милиони жители, има една од највисоките стапки на убиства во светот. Според полицијата, во 2019 година имало во просек 36 убиства на 100.000 луѓе, што е за половина помалку од три години порано. Откако Букеле дојде на власт, тој број се намали на 20 убиства на 100.000. Тој ги отфрли обвинувањата за неформален пакт меѓу владата и бандите.
Seguimos…#GuerraContraPandillas pic.twitter.com/MfDQu8mzCr
— Nayib Bukele (@nayibbukele) April 3, 2022