Музичарот Павле Камилоски се ожени со планинарката Ирина Дишовска. Свадбената прослава започна во домот на семејството Камилоски, со традиционални македонски песни, а потоа продолжи во домот на невестата каде традиционално родителите на младоженецот ја даруваа невестата со злато.
Павле и Ирина ја крунисаа нивната љубов во Соборениот храм „Св. Климент Охридски“ каде пред Бог се заколнаа на вечна љубов.
Невестата носела бела тесна венчаница со перје, која го истакнува нејзиното трудничко стомаче. Павле зрачел со елеганција во црн костим.
Сестрата на Павле, кулинарката Софка Камилоска сподели низа фотографии и видеа од свадбата, а истото го направи и другата сестра на Павле.