Екс пратеничката на СДСМ, Солза Грчева, професорка по информациски технологии и претседателка на партијата Глас за Македонија, вчера на Фејсбук објави дека нејзиното возило било мета на напад, за како што вели нејзиното гостување во тв емисија на Алфа.
– Секој мој жесток настап, како оној пред три дена на Алфа, има своја цена со која морам да живеам. И не е прв, ниту последен пат. Среќа што се уште насочени (на разни начини) на колата. Можат да станат и поинвентивни. Ама ич нема да ме замолчат. Напротив – напиша таа.