Со цел да се утврди состојбата на терен и соодветно превентивно да се реагира, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов изврши увид на оштетената брана Липа во Неготинско, којашто протекува од многу места и има опасност од рушење на дел од насипот, информираат од центарот.
Појаснуваат дека Ангелов остварил средба со градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, а потоа со раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Неготино, Пане Трајков и со мал тим од општината се упатиле кон селото Липа, близу коешто е лоцирана истоимената оштетена брана.
По направениот увид и документирање на состојбата на терен, како што потенцираат од Центарот за управување со кризи, ќе следат и наредни чекори за превентивно дејствување, преку Секторот за операции и координација, во координација со субјектите од системот за управувње со кризи.