Лорен Санчез, 55-годишната свршеница на милијардерот Џеф Безос, предизвика бурни реакции поради својот ауфит во кој се појави на инаугурацијата на Трамп во Капитол.
Санчез го украде шоуто во бел костим под кој се гледаше бел градник од тантела, а гледачите коментираа дека нејзината облека е несоодветна за таков настан.
Свршеницата на Безос го привлече вниманието и на Марк Закерберг, кој седеше до неа, а гледачите забележаа дека во еден момент неговиот поглед залута кон нејзиното деколте, што беше доволно за да започне виралното исмејување.
„Закерберг фатен како гледа во деколтето на свршеницата на Безос на директен пренос“, „Погледни горе, Зак“, „Можеби Закерберг сепак е човек?“, „Тој е спремен да ризикува сè“, „И момчето зад нив погледна“, се само дел од коментарите.