Италијански студент Лоренцо ди Берардино станал експерт за карантин против своја волја. Тој дури три пати бил во изолација поради коронавирусот, најпрво во Вухан, потоа како повратник од странство во околината на Рим и на крај во своето место на живеење кое било најпогодено од епидемијата.
„Очигледно сум баксуз“, вели 22-годишниот Лоренцо.
Тој на почетокот на оваа година, во рамките на програмата за размена на студенти, првите месеци ги помина во кинескиот град Вухан, инаку епицентарот на новиот коронавирус. Неколку дена пред да се врати дома, милионскиот град беше „заклучен“.
На почетокот на февруари италијанската војска организираше хуманитарни летови и ги враќаше италијанските државјани дома. Меѓу нив беше и Лоренцо кој мораше да помине 17 дена во карантин во воени бараки недалеку од Рим, пишува „Frankfurter algemajne cajtung”.
Кога на 20 февруари конечно се вратил во Пескара забележал дека луѓето чудно го гледаат. Истиот ден во Кордоња бил објавен првиот случај на локално пренесен вирус, а на 10 март владата наредила да се затворат сите училишта и вовела полициски час во цела земја.
Оттогаш Лоренцо студира од дома, а на забраните за движење кои го следат непрестано реагира прилично опуштено.
„Мораме да ги почитуваме мерките, безразлика дали ни се допаѓа тоа, или не“.