Ева Лонгорија (47) се појави во провокативен фустан на 95-то издание на Оскарите, на кое беше една од водителите.
Малку оставила на фантазијата кога се појавила во проѕирен фустан со многу длабоко деколте.
За оваа пригода Ева избрала креација на либанскиот моден дизајнер Зухаир Мурад.
Фустанот што го носеше е изработен од проѕирен материјал, а нејзиниот аутфит низ целата должина беше покриен со блескави камења. Некои од гостите на црвениот тепих дури ја споредија со диско топка.
Лонгорија беше една од многуте презентери на овогодишните Оскари и се појави заедно со претседателката на Академијата, Џенет Јанг, за да го промовира музејот посветен на седмата уметност.
Пред да почне церемонијата, таа искоментира дека со нетрпение ја чека Ријана и рече дека навива за филмот „Елвис“, кој беше номиниран во осум различни категории, но за жал не победи во ниту една од нив. Апсолутен победник е „Сè во исто време“ кој освои 7 од 11 номинации.