“ОХ БОЖЕ МОЈ, КАКВИ СТОМАЧНИ“: Најпосаканата “очајна домаќинка“ во жешко издание (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската актерка Ева Лонгорија, најпозната по улогата на Габриел Солис во серијата „Очајни домаќинки“, овие денови одмора во Лос Анџелес, од каде споделила и неколку фотографии кои малкумина оставиле рамнодушни.

Лонгорија позирала во розов костим за капење на едно рамо, кој совршено се „прилепил“ за нејзините облини и ги истакнал обликуваните стомачни мускули.

„Вака изгледа Божиќ во Лос Анџелес“, напишала актерката во описот на фотографијата на Инстаграм, а комплиментите на нејзина сметка само се нижат.

„Најубавата дама“, „Ох Боже мој, какви стомачни“, „Божица“, „Прекрасна си“, ѝ порачале фановите.

Инаку,  Ева го има 3-годишниот син Сантијаго кој го доби со мексиканскиот бизнисмен Хозе Бастон, со кој е во брак од 2016 година. Бастон од првиот брак има уште 4 деца.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com