Денеска, (27 март 2020 година), Северна Македонија стана најновата членка на НАТО, откако го депонираше својот инструмент за пристапување кон Северноатлантскиот договор пред Министерството за надворешни работи на САД во Вашингтон. Сојузниците на НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување во Северна Македонија во февруари 2019 година, по што сите 29 национални парламенти гласаа за ратификување на членството на земјата.
Говорејќи во петокот во Брисел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече:
„Северна Македонија сега е дел од семејството на НАТО, семејство со триесет нации и скоро една милијарда луѓе. Семејство засновано на сигурност дека, без оглед со какви предизвици се соочуваме, сите ние сме посилни и побезбедни заедно“.
„Северна Македонија е долгогодишен придонесувач за нашата евроатлантска безбедност, вклучително и со учество во мисии предводени од НАТО во Авганистан и во Косово.
На 30 март 2020 година во седиштето на НАТО ќе се одржи церемонија за подигнување на знамето за Северна Македонија, во присуство на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Претседателот на Воениот комитет на НАТО, Маршал Сер Стјуарт Пих, и претставник од Кабинетот на Амбасадата на Делегацијата на Северна Македонија во НАТО, Зоран Тодоров.
Знамето на Северна Македонија ќе биде подигнато истовремено во операциите на сојузничките команди во Монс (Белгија) и во Сојузничката командна трансформација во Норфолк (САД)“-соопшти НАТО Алијансата.