ОФИЦИЈАЛНО: Мурињо нов менаџер на Тотенхем

by Тони Зографски

Контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, и официјално е именуван за нов менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем. Тимот од Лондон вчера му врачи отказ на Маурицио Покетино поради серијата слаби резултати сезонава, па реши да го назначи Португалецот на негово место.

Мурињо минатито декември беше отпуштен од Манчестер јунајтед, а Тотнем ќе биде негов трет клуб во Премиерлигата, откако претходно во два наврати го водеше Челси.

Со Спарс потпиша договор до јуни 2023 година.

Инаку, смената на тренерското место во премиерлигашот од Лондон доаѓа по најслабиот почеток на сезоната во последните 11 години.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com