Зинедин Зидан и дефинитивно се врати во Реал Мадрид, а потврдата стигна од официјалниот сајт на клубот. Зидан потпиша договор на три години, до 30 јуни 2022.
Попладнево имало состанок на претседателот на клубот Флорентино Перез со бордот на директори на кој бил договорено враќањето на Французинот на „Сантијаго Бернабеу“.
Претставувањето на Зидан пред медиумите ќе се случи вечерва во 20:00 часот кога на прес-конференцијата ќе се појави заедно со Перез.
Инаку, Зинедин Зидан со Реал три години во низа ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите.