Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19 во земјава, а починаа две лица како резултат на заболувањето. Направени се 1245 тестови. Излекувани се осум пациенти, информираат од Институтот за јавно здравје за МИА.
Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 2.789.
Распореден по градови бројот на новозаболени е следен: Скопје-105, Куманово-26, Штип-15, Тетово-13, Гостивар-8, Гевгелија-2, Дебар-1, Струга-1, Велес -1, Битола-1, Охрид-1, Валандово-1, Св. Николе-1, Неготино-1.
Во земјава досега има активни 1009 случаи.
Инаку, денешната бројка досега е најголемата од појавата на корона кризата во земјата. Вчера имаше 119 случаи.