Со седнувањето на Доналд Трамп во претседателската фотелја, Меланија Трамп повторно стана Прва дама на САД.
Шармантната Словенка го објави првиот официјален портрет на социјалните мрежи откако по вторпат ја презеде значајната титула.
Фотографијата ја направи белгиската фотографка Реџин Махаукс, која го фотографира семејството Трамп повеќе од 20 години.
„Ми се допаѓа таа фотографија бидејќи е впечатлива, елегантна, но и моќна“ – изјавил поранешниот портпарол на Белата куќа, Шон Спајсер.
Фотографијата била направена на 21 јануари, еден ден по инаугурацијата на Доналд.