Шестгодишната Тамара Абдул Рахман од Саудиска Арабија почина откако во бањата на нејзиниот дом се вовлекла змија отровница и ја каснала, по што детето не можеле да го спасат.
По каснувањето, родителите итно го однеле детето во Централната болница Азир во градот Аби, но иако нејзината состојба во почетокот била стабилна, таа одеднаш се влошила, па преместувањето на интензивна нега не í помогнало, пишува Република.
– Беше толку среќна што конечно се враќа на училиште и што ќе се види со своите пријатели откако ќе бидат укинати епидемиолошките мерки во земјата – изјавил очајниот татко на Тамара, откривајќи дека страшното животно било во ве-це шолјата и дека затоа девојчето не ја забележало сè додека не ја каснала.
– Тоа е желба на Алах – додаде тој кратко и истакна дека никогаш не ни сонувал дека змија ќе влезе во куќата, особено во градот Аби каде тие не се толку чести „посетители“ на куќите.
Патем, Саудиска Арабија е позната како живеалиште на многу видови змии и отровни и неотровни. Минатата недела, еден човек ослепе како последица од каснување на црна кралска кобра. Таа го каснала двапати и докторите му рекле дека имал голема среќа што преживеал бидејќи таквата змија има доволно отров да убие 20 мажи одеднаш.