На полиците во супермаркетите сè почесто наидуваме на мед по исклучително евтини цени. Иако производителите тврдат дека станува збор за сосема природен производ, тоа е далеку од вистината!
За почеток, голем број од производителите тврдат дека медот мора да биде „филтриран“ бидејќи со тој процес од него се отстрануваат штетните материи, како што е восокот. Меѓутоа, во истиот тој процес, се отстранува и поленот кој е исклучително здрав, а се додаваат многу други непотребни, а често и нездрави материи.
Како тогаш да го разликувате вистинскиот мед? Ова се некои од начините:
- Секој вистински мед со тек на време ќе се кристализира, тоа е сосема природен процес кој особено го поттикнуваат ниските температури. Ако не дојде до кристализација, дури ни кога медот е во фрижидер, тогаш сте купиле лажен мед.
- Внимателно прочитајте ја листата на состојки. Ако таму пронајдете гликоза и сируп од пченка, во теглата имате сè освен природен мед.
- Ставете вода во чаша и додадете неколку капки јод. После тоа, ставете и една лажичка мед. Ако водата добие сина боја, тоа значи дека во медот е додаден и пченкарен скроб.
- Доближете чкорче до лажичка мед. Ако медот се запали значи дека е чист, а ако не изреагира, значи дека е лажен.
- Ако лажичката мед ви се раствори во чаша со студена вода, значи дека медот е од лош квалитет. Чистиот органски мед не се раствора.