Британски новинар Даниел Нолан е авторот на оригиналната фотографија од уловената прошетка на поранешниот македонски премиер-бегалец и азилант Никола Груевски низ улиците на Будимпешта. Тој го фотографирал Груевски во близина на култна пивница во унгарската престолнина.
– Го фатив жив! Пребеганиот екс-македонски премиер забележан во Будимпешта – напиша британскиот новинар заедно со објавената фотографија на Твитер.
Ова е прва фотографија од осуденикот азилант Груевски по неговото бегство и добивањето азил во Унгарија пред отслужување на двегодишната затворска казна.