Јапонскиот суперкомпјутер Фугаку покажа што има најголемо влијание врз ширењето на честичките на Ковид 19, а токму тоа е она на што сме најмногу изложени во текот на грејната сезона.
Имено, клучот е влажноста, а најголем ризик е сувиот, затворен простор во зимските месеци.
Научниците го користеле суперкомпјутерот Фугаку за да симулираат емисија и проток на честички слични на вирусот, ослободени од заразени лица во различни средини во затворен простор. Резултатите покажале дека влажноста на воздухот под 30 отсто ја удвоила количината на аеросоли во однос на влажноста на воздухот од 60 отсто или повеќе.
Студијата понатаму покажала дека проѕирните визири за заштита на лицето не се толку ефикасни како маските во спречување на ширењето на аеросоли.
Истражувачката екипа која ја води Макото Цубокура и претходно го користела суперкомпјутерот Фугаку за симулација на зараза со коронавирус во возовите, на работните места и училниците.