Во британските медиуми се повеќе излегуваат детали за тоа што се случувало во замокот Балморал вечерта кога починала кралицата Елизабета. Голем број членови на нејзиното потесно семејство, како што се принцовите Вилијам, Хари и Ендрју, не успеаја на време да се простат од неа.
„Сан“ сега пишува дека принцот Хари не вечерал со својот татко Чарлс и брат му Вилијам бидејќи тоа не му било дозволено. Очигледно, Чарлс и Вилијам не му веруваат на Хари и се плашеле дека содржината на разговорот ќе стане јавна.
Изворите велат дека кралското семејство стравува дека Хари би можел да открие приватни работи во неговите мемоари, а ако не може да ги додаде во книгата, би можел да ѝ ги каже на Меган, која редовно јавно го напаѓа кралското семејство.
„Затоа тој разговор се одвиваше меѓу кралот, кралицата и наследникот“, вели изворот.
Мемоарите на Хари треба да излезат на крајот на оваа година.