Првиот контингент на анти-ковид вакцината Спутник лајт започна да се дистрибуира до граѓаните, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко, наведувајќи дека до крајот на јуни околу 2,5 милиони дози ќе бидат достапни во центрите за вакцинација низ Русија.

„Ова е вакцина која се дава еднаш и најмногу ќе се користи кај луѓе кои имале корона или веќе биле вакцинирани, но веруваме дека ќе се користи и за одредени возрасни категории. Таа е одобрена само за лица на возраст под 60 “, рече Мурашко. пренесува ТАСС.

Директорот на истражувачкиот центар Гамалеј Александер Гинзбург рекол дека „лесната вацина“ како што е Спутник лајт, формира имунитет во рок од три недели, кој трае три до четири месеци.

Кога научниците почнале со правење на оваа вакцина нивна главна цел била да влијаат на намалувањето на бојот на смртни случаи од Ковид-19 во земјите со висок процент смртни случаи.

Инаку, Спутник лајт е регистрирана во Русија на 6 мај.