Вчера почина кралицата Елизабета Втора. а нејзиниот најстар син Чарлс стана новиот британски крал.
Чарлс бил со својата мајка кога таа починала, јавуваат британските медиуми. Тој и неговата помлада сестра, принцезата Ана, биле покрај креветот на нивната мајка. Другите членови на кралското семејство не пристигнале навреме во Шкотска. Принцовите Вилијам, Едвард и Ендру дошле веднаш по смртта, а принцот Хари вечерта, неколку часа откако веста за смртта беше објавена во медиумите.
Како што пишуваат Британците, Чарлс вчера наутро отишол во Балморал. Тој бил пренесен таму со хеликоптер околу 11 часот, а принцезата Ана му се придружила бидејќи веќе била во Шкотска.
Се наведува дека лекарите го известиле семејството дека на кралицата и останале уште неколку часа живот, па сите постари членови на семејството побрзале да се простат од неа.
Бидејќи Чарлс станал крал во моментот на смртта на мајка му, веројатно е дека неговата сестра веднаш му ја бакнала раката, а истото го направиле и двајцата помали браќа, по пристигнувањето во Балморал, како и синот, новиот престолонаследник Вилијам, како што налагаат обичаите. Секретарот на кралицата ја известил премиерката за смртта на кралицата во 16:30 часот, а јавноста била информирана и два часа подоцна.