Поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој е во бегство во Будимпешта, вчера се појави на еден настан, а внимание предизвика негова фотографија на која тој е до згодна “плавуша“. како се дружат на бизнис забава.
Жената која привлече внимание и лавина коментари се вика Вивиен Чене, по професија е економистка, но е позната како инфлуенсерка и модел фриленсер, која има над 35.000 следачи и постојано објавува професионални фотографии од неа, но и рекламира производи.
Инаку, на забавата беше и поранешната порно ѕвезда и продуцент на порно филмови Роко Сифреди. Сифреди, како што и самиот кажува во своите интервјуа, престанал да глуми во порно филмови затоа што не можел повеќе да ги лаже своите деца за својата работа. Затоа се префрлил на снимање и продукција.