Сопругот на финската премиерка Сана Марин беше фотографиран со раката околу мистериозна девојка во ноќен клуб само неколку недели пред тој и неговата сопруга да објават дека се разведуваат.
Локалните медиуми објавија дека бизнисменот Маркус Раиконен (37) флертувал и танцувал интимно со Индијка која била на одмор во Финска со боливудските ѕвезди. Маркус, наводно, пијан се обидел да ја бакне додека стоеле заедно во барот на ноќен клуб во Хелсинки во раните утрински часови, Но Индијката наводно го одбила бакнежот.
Раиконен и Марин (37) во голема мера водеа одвоени животи во последните месеци пред конечно да ја објават нивната разделба по 19 години.
Тоа следуваше по објавувањето на скандалозните снимки минатиот август на кои се гледа како Марин танцува интимно со маж, а таа претходно организирала забава за пријателите во нејзината резиденција каде што една гостинка и еден гостин се однесувале на развратен начин. За проблемите во бракот говорел и фактот што Марин го поминала Велигден опуштајќи се во Париз со група пријатели додека нејзиниот сопруг престојувал во Финска.
Индијката која танцуваше со Раиконен наводно отпатувала во Финска во март на зимски одмор со ѕвездите од филмската индустрија на Боливуд. Локалните медиуми јавуваат дека Раиконен со неа го посетил ноќниот клуб Пост, каде што биле забележани на подиумот. Тие наводно останале до 4 часот наутро.
– Другите танчари лесно ги забележаа бидејќи имаа интимна атмосфера. Маркус стоеше зад жената и ја допираше по колковите, изјави еден сведок.
Раиконен и непозната жена на крајот биле фотографирани во бар додека ја држи околу колковите.
– Маркус неколку пати се обиде да ја бакне жената, но таа не попушти, рекол друг сведок и додал дека сопругот на Сана Марин во еден момент бил прилично пијан.
– Најмногу ме изненади колку Маркус отворено флертуваше со жената. Тој воопшто не се грижеше за другите гости иако е оженет со Сана. Не сум многу конзервативен, но Маркус треба да се однесува со достоинството на сопруг на премиерка. Ваквата состојба ја деградира институцијата премиер, смета еден од сведоците.
Марин и нејзиниот сопруг, поранешен фудбалер, кои се заедно од 18 години, но се венчаа дури во 2020 година, на почетокот на неделата објавија заедно на Инстаграм дека се разведуваат, но не ги наведоа причините за разделбата.
Најавата дојде нешто повеќе од еден месец откако Марин откри дека се повлекува од функцијата лидер на централно-левичарската Социјалдемократска партија по нејзиниот изборен пораз, што значи дека земјата најверојатно ќе добие нов конзервативен премиер.