Секогаш кога војниците на исламската држава ќе пуштат видео со егзекуција се поставуваше прашање дали тие се вистински или монтирани. Никогаш не е прикажан чинот на екгзекуција, па се појавува сомнеж. Но, друга поединост што привлекува внимание од снимките е смиреноста на заложниците.
Во интервју за “Скај Њуз“ поранешени припадник на исламската држава Салех рекол дека тоа не случајно, бидејќи заложниците и претходно се нашле во таква ситуација и не знаеле дека тоа е нивната последна снимка.
“ Им велеа да не се грижат, и дека ништо нема да им се случи и дека видеото се снима да се испрати до нивната влада за да престане со нападите во Сирији. Им велеа: ‘ Со вас немаме ништо, ти си само посетител во оваа држава’“ – објасни Салех.