Хрватскиот портал 24 сата.хр ги објави цените за настап на дел од тамошните пејачи. Како што пишува порталот, малку е пејачи кои можат да се пофалат со високи хонорари.
Кога Нина Бадриќ ќе исфрл хит нејзината цена веднаш скока од 30 до 50 отсто.
Тони Цетински не сака да пее во клубови, а за големи концерти бара од 12.000 до 20.000 евра, а на разни манифестации пее за три пати повисоки хонорари. Неговата цена за настап на разни прослави се движи од 28.000 до 50.000 евра. Цетински ќе пее и на свадби, но нема да пее цела ноќ. Тој обично ќе испее четири песни, и за секоја зема по околу 2.000 евра.
Маја Шапут се збогатила од пеење на свадби, а нејзината цена е од 6.000 до 8.000 евра. Маја со години однапред има закажано свадби секоја сабота, и често вели, дека не знае кога ќе се омажи бидејќи сите викенди и се распродадени.
Јелена Розга за концерт бара 12.000 евра, за прослави околу 10.000 евра, а за клупска свирка околу 7.500 евра.