Британските научници открија дека активната состојка која се наоѓа во средствата против инсектите може да го убие КОВИД-19, се наведува во извештајот.
Во претходната студија, истражувачите од британската лабораторија за наука и технологија од областа на одбраната утврдија дека „Цитриодиол“ може да помогне во борбата против коронавирусот.
Тие спроведоа студија во која прскаа војници со препарат наменет за одбивање на инстекти, направени врз база на „Цитриодиол“, обидувајќи се да видат дали може да се обезбеди дополнителен слој на заштита од вируси.
Сепак, се верува дека препаратите против инсекти кои содржат „Цитродиол“ не се доволни за сами да ги заштитат луѓето од вирусот, но тие можат да се користат како дополнителен слој во заштитата заедно со маските за лице, миење на рацете и други здравствени препораки.
Своите првични наоди кои тие ги споделија, изјавија дека врз основа на добиените резултати, други експерти можат да спроведат понатамошно истражување, пренесува Sky News.
„Цитриодиол“ кој е одобрен од Агенцијата за заштита на животната средина на САД е направен од маслото од лисјата и гранките од посебен вид на еукалиптус и е природно активна состојка која е ефикасна против голем број на штетни инсекти, комарци и безбеден за употреба за деца над 2 години.
Жаклин Вотсон, директор на Citrefine, компанија која ја произведува активната состојка од природни извори, изјави дека е оптимист дека може да помогне да се запре ширењето на вирусот.
„Она што можеме да го кажеме е дека сметаме дека постои голема шанса да може да функционира против овој вирус, но секако дека треба темелно да се тестира“, рече таа.