Вчера на Вимблдон српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил покажа почит кон нашата земја и ја запеа песната „Македонско девојче“ и тоа го направи на одличен начин.
Овој потег стигна и до премиерот Зоран Заев кој испрати отворена покана до Ѓоковиќ да ги посети Охрид и Скопје.
– Драг Новак Ѓоковиќ, твојата изведба на преубавата „Македонско девојче“ нѐ воодушеви сите во нашата земја. Прекрасно е чувството кога ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија. Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани. Воедно, те следиме на Вимблдон и ти посакуваме успех – напиша Заев на својот профил на Фејсбук.