На холивудската глумица Аманда Бајнс ѝ е продолжен престојот во психијатриска установа за најмалку уште една недела, пренесуваат американските медиуми.
Бајнс неодамна била хоспитализирана откако била видена како гола талка по улиците на Лос Анџелес. Изворот вели дека таа сè уште не разговарала со ниту еден од членовите на семејството.
Претходно ѝ било дијагностицирано биполарно растројство, а се претпоставува дека со денови била на улица. Една обожавателка ја препознала и опишала каква била нивната интеракција.
„Се надевам дека ќе ја добие соодветната помош. Беше љубезна кон мене. Ѝ дадов малку пари и малку поразговаравме“, вели обожавателката.
Откако Аманда доживеала нервен слом, сама повикала полиција, пренесува „ТМЗ“. Нејзината мајка Лин и таткото Рик изјавиле дека ги теши фактот што сама сфатила дека е во лоша состојба.
Таа била под нивно старателство од 2013 до 2022 година. И покрај тоа што сè уште не разговарале со неа, тие тврдат дека се во добри односи.