Млада мајка од Велика Британија почина од карцином, откако кризата предизвикана од вирусот корона го одложи нејзиниот третман со хемотерапија.
Кели (31) беше третирана и сè изгледаше добро пред целосното заклучување што ни го донесе вирусот корона.
Сепак, мајката на шестгодишното момче трагично почина на 13 јуни, бидејќи третманот беше одложен, а само неколку дена пред тоа, го изразила своето незадоволство поради одложувањето на третманот.
Таа ѝ рекла на својата пријателка и новинаркаа Дебора Џејмс дека смета дека нејзиниот карцином напредувал во текот на пандемијата.
Кели рече дека прогресијата на болеста се должи на кризата предизвикана од вирусот корона, поради што многу пациенти не се во можност да ги добијат своите терапии.
-Јас сум лута поради оваа пауза, затоа што мислам дека не требаше да се случи. Паузата од шест недели не е мала. Загрижена сум и ужасната. Не сакам да умрам, чувствувам дека имам уште многу што да правам – рече таа неодамна.
„Daily Star“ потсетува дека поради вирусот корона има голем заостаток на скринингот, што резултира во подоцнежно дијагностицирање и откривање на болеста.