Три дена по веста за екс директорот на АЕК, Роберт Орданоски и неговата согпруга Агнеса, тој бара брачен советник кој ќе го поучи како да постапува понатаму во постапката.
Имено, Агнеса веќе се преселила кај нејзините родители и бара Роберт да ги однесе двете малолетни ќерки кај неа.
“Застанав над Велес да го напишам постов, возам две малолетни деца со мене, не сакам некоја глупост да направам, да пишувам дур возам …
Дали има некој брачен советник да ми даде малку ум во очајнава ситуација во која се наоѓам … ? Агнеса е преселена кај нејзините, ги преселила и сите нејзини и на децата алишта таму … Го напуштила домот, пред да се вратиме од Пелистер … Бара децата да ги однесам таму … Наводно, ќе сум можел да ги видам кога сакам … Прво сакав да ги носам дома, сепак, мајка им е, не ги видела од Понеделникот, решив да ги однесам таму …
Што од правен аспект значи оваа циркузијада … ?
Благодарам за компетентниот одговор што ќе го добијам, тотално сум неспремен за оваа ситуација …
А јас, ќе си одам сам дома, да поразговарам малку со ѕидовите, да видам што правеле овие 6 дена, дур не бев дома …“, пишува Орданоски на „Фејсбук“.