Откако на 20 фебруари се породи со син, партнерката на српската премиерка Ана Брнабиќ, докторката Милица Ѓурѓиќ прв пат се појави во јавноста.
“Двојката“ била на прием во француската амбасада во Белград. Убавата докторка носела зелен фустан, и го привлекла вниманието на гостите со својот одличен изглед.
Инаку, Милица која е докторка во Клиничкиот центар Србија е долгогодшна партнерка на српската премиерка Брнабиќ. Тие на новородениот син му го дадоа името Игор.