Американската манекенка Каксми Брутус (30) почина откако се разболе на патување во Лондон, напиша нејзиното семејство во објавата на Инстаграм. Наводно во текот на потувањето манекенката позната и како Мама Какс почувствувала болку во стомакот, што било кобно.
„Да се каже дека Какс е борец, би било потценување. Преживеа карцином и беше навикната успешно да ги презема предизвиците во животот. Таа се бореше до нејзиниот последен ден“, се вели во изјавата на нејзиното семејство.
Инаку, како тинејџерка Какс ја изгубила ногата поради компликации од рак на белите дробови и коските и беше моќен поборник за пробив на обоените жени и жените со посебни потреби во светот на високата мода. Таа беше манекенка и заштитно лице за брендовите со големи имиња, меѓу кои се Сефора, Асос и Томи Хилфигер, а минатата година беше на насловната на септемврискиот број на Teen Vogue.
Годинава, таа прошета и на пистата на Модната недела во Њујорк, во февруари носеше модели на Chromat, додека во октомври ја носеше етикетата на Ријана за Savage x Fenty.
Оддавајќи и почит на социјалните мрежи, Ријана објави фотографија од Какс на модната писта на нејзината колекција и ја нарече „моќна убавина “ – пред да додаде, „одмори се, силна сестро“.
https://www.instagram.com/p/B5LPQral_cE/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B5WKcSQlWoj/?utm_source=ig_web_button_share_sheet