Некогашна македонска водителка, Мелита Ракичевиќ, е една од најактивните јавни личности од социјалните мрежи. Таа изминативе десетина дена беше на пролетен одмор во Дубаи. Очигледно, иако се работи за одмор, Мелита се изморила во Дубаи.
Имено, таа вчера преку својот Инстаграм профил побара масажа дома, но потенцираше дека истата треба да и ја исполни масерка.
Малку подоцна, откако се јавиле безброј машки кандидати за масажа, таа стави уште една слика преку која прецизираше дека бара масерка.