Аутистичното девојче Реми Робинс од Велс многу се разочарала кога на нејзиниот роденден не се појавил речиси никој од пријателите. Реми е петгодишно девојче со аутизам, а нејзините родители поканиле десет деца да го прослават роденденот. Само две се појавиле, две се јавиле да кажат дека не можат да дојдат затоа што се болни, а другите не се ни потрудиле да одговорат.
„Каде се сите мои пријатели?“, ја прашала Реми мајка и, која немала одговор на тоа прашање.
Многу е тажно што никој од нив не не удостои да одговори – изјави очајниот татко Питер Џон Робинс.
Тој се одлучил да го спаси денот на својата ќерка па се одлучил во една група на Фејсбук да го објави овој статус.
– Ве молам, доколку некој има малку слободно време и дете кое отприлика има години колку мојата ќерка, дали би ми помогнале овој нејзин ден да го направам незаборавен? Не очекуваме ништо, никакви подароци, забавата е веќе платена, има многу храна, само сакаме да дојдат деца за да го прославиме роденденот на нашето девојче – напиша очајниот татко.
И успеал во намерата. Дошле 14 деца со нивните родители, а на роденденот на Реми се појавиле и многу други луѓе кои дошле само да и честитаат роденден. Неговата објава е споделена повеќе од илјада пати, а Пиџеј доби бројни пораки за поддршка.
– Ви благодарам на сите кои се одзвавте, изјави таткото за британските медиуми, признавајки дека и Реми била изнендадена од огромниот одзив.