Јелена Карлеуша не се симнува од насловните страници на пишаните медиуми во опкружувањето. Откако вчера не дојде на рочиштето со фудбалерот Огнен Вранеш, поради неговата тужба за клевета, српската пејачка се појавила на снимање на „Ѕвездите на Гранд“ прилично сериозна.
Јелена на снимање дошла повторно во изненадувачко издание и нова фризура. Поточно, таа се појавила во тесен фустан, во кој “ нормално“ во преден план биле нејзините гради, а на себе имала розе перика. Јелена од автомобилот веднаш истрчала кон студиото.
(фото: Инстаграм и Д. Милутиновиќ)