Зоран Милески или познат како Зоки Кичеец повторно е пациент на Кардиологија, дознава 24 инфо.
-Полиција вечерва имаше и на влезот на Клиниката за кардиологијано и низ целиот Клинички центар „Мајка Тереза“. Неофицијално, на Кичеец вчера му се слошило, по што бил пренесен од истражниот затвор Шутка на Клиниката за кардиологија, пренеува телевизијата.
Кичеец заедно со Боки 13 се двајцата првообвинети во аферата „Рекет“. Кичеец е сместен во еден од апартманите на Клиниката, а друштво му прават неколкумина припадници на МВР.