Поради големата осека, каналите во Венеција се скоро без вода, само два месеци по поплавите што зафатија голем дел од градот. Гондолите и останатите бродови се насукани како резултат на драстичниот пад на нивото на водата. Каналите наликуваат на ровови, што предизвикува нарушување на сообраќајот.
Според пишувањата на италијанските медиуми нивота водата во Венеција е половина метар од колку на нивот на морето.
Инаку, во ноември Венеција доживеа највисоки нивоа на вода во последните 50 години за кои некои сметаат дека се директна последица на климатските промени. Во тоа време повеќе од две третини од градот беше под вода, а градоначалникот процени дека штетата е повеќе од милијарда евра. Поплавен беше и плоштадот Свети Марко и беа затворени продавниците, кафулињата и рестораните.