Холивудската глумица Шерон Стоун ја прими првата доза на вакцина против коронавирус.
-Ја примив првата доза. Не беше тешко да се дојде на ред – напиша глумицата покрај фотографијата поставена на Инстаграм на која ја прима вакцината.
Со првото вакцинирање таа им се придружи на славните колеги кои исто така ја примиле првата доза. Џејн Фонда, Шон Пен, Стив Мартин, Арнолд Шварценегер….
Инаку, Шерон Стоун минатата година од ковид ги загуби бабата и кумата, а нејзината сестра и зет беа во тешка состојба борејќи се за животот.
„Мојата сестра Кели, која има автоимуна болест, сега има и корона. Некој од вас кој не носел маска е виновен. Таа нема имунолошки систем, а била само до аптека. Во нејзината област нема тестирање освен ако некој има симптоми, а на резултатот се чека дури пет дена. Носете масака! Поради себе и другите, ве молам“, изјави тогаш Шерон.
Glumici su prošle godine od kovida preminule baka i kuma, a sestra i njen muž bili su u teškom stanju i borili se za život.