Една од најубавите српски глумици Марија Каран која живее во Лос Анџелес и која претходно речиси никогаш не постираше слики од приватниот живот, пред два дена ги изненади своите следбеници со фотки во бикини, а вчера уште едно убаво изненадување за нив.
Марија на Миконос се сликаше во танга со грбот свртена накај фотоапаратот, со што ги изненади дел од своите следбеници.
-Работам на моите тен линии – порача таа, алудирајќи на дел од своето згодно газе кое не е исунчано.
“ Дали ова само јас го гледам или и другите?“ ја праша нејзиниот партнер од „Ми нисмо анѓели“ глумецот Урош Ѓуриќ.
-Извини Уки, морав и со другите да споделам. Следната ќе биде само за тебе, душо. – му одговори Марија.
Инаку, Марија Каран има 37 години, мајка е на тригодишниот Марк Лоа, а за холивудскиот агент Џоел Лубин се омажи во 2014 година.