Моника Белучи на почеток на март престојувала во Барселона каде била организирана изложба посветена на работата на нејзиниот партнер, режисерот Тим Бартон.
Познатиот пар одредено време не бил виден во јавноста, па медиумите изразиле сомнеж дека врската меѓу нив можеби е завршена, меѓутоа романсата сѐ уште трае.
Фотографиите се тие кои секогаш кажуваат повеќе од зборови кога љубовта е во прашање, па погледнете што тие откриваат овојпат.
Последен пат Моника Белучи била забележана во Шпанија, пред неколку седмици, тоа било пред познатиот хотел во којшто дошла заедно со својот партнер и популарниот режисер Тим Бартон.
Подоцна тие биле видени како шетаат во градот, се држеле за раце и биле толку модно усогласени што поголема хармонија на поле на стилот не можела ни да се замисли.
Црната гардероба е еден од зачестените избори на Моника Белучи, во неа изгледа елегантно и витко, меѓутоа фановите не биле задоволни, тие забележале дека модните комбинации кои Моника ги носела во минатото биле погламурозни.
Фановите често го истакнуваат своето незадоволство во изборот на црните комбинации на Моника кои се класични. Како што велат тие, Моника бира погрешни модни комбинации кои нималку не ѝ ласкаат на нејзината убавина.
„Откако е со него изгледа толку здодевно“, „Како да ја гледам истата фотографија од Моника Белучи секојпат“, „Каква штета што толку убава жена се облекува без врска“, коментирале фановите.
И повеќе од очигледно е дека Моника не ги следи трендовите, а ниту модните критики иако претходно беше на самиот врв на стилските и модни критики.