Инге Гинсберг е 97-годишна жена од Австрија која која го преживеала Холокаустот, а сега го предводи метал бендот “Inge & the Tritone Kings”.
Пред да влезе во музичките води, нејзиниот живот бил како на филм. Во времето на прогонување на евреите, Инге од Австрија побегнала во Швајцарија во избеглички логор. После завршувањето на Втората светска војна, таа со својот прв сопруг Отом Колман се преселила во САД. Тие двајца работеле во холивудската музичка индустрија. Брачната двојка пишувала песни за најголемите музички ѕвезди на тоа време, па така меѓу останатото, ја напишале песната за Дино Мартин “Try Again“, а пишувале и за Нет Кинг Кол и Дорис Деј.
Иако со тек на време нејзината кариера почнала да опаѓа, никогаш не престанала да се издржува со поезија и песни. Кога наполнила 93 години, нејзините соработници истакнале дека зборовите во нејзините песни звучат како текстови на метал песни. И така започнало нејзиното патување кое и овозможило да се изрази на начин кој ќе и биде познат и својствен за неа, но истовремено и потполно нов и различен од претходните.
Во краткиот документарец “Death Metal Grandma” директорката Леа Галант ја раскажала животната приказна на Инге Гинсберг.– Важно е да останеш активен и да се дружиш со млади луѓе. И постојано да работиш на работи кои порано не си ги работел – порачува оваа несекојдневна баба.