Поранешната мекедонска пејачка Ноне Неделковска (32) која веќе неколку години работи на брод, има нов дечко. Според најновите објави на нејзиниот Фејсбук профил се работи за момче што се вика Урош Терзија. Имено, Според неговиот профил може да се види дека тој снима спотови и ги монтира.
Претходно, Ноне беше доста актуелна кога пред неколку години ја започна врската со црномурестиот Рајн со кого работеа заедно на крузерот. Врската од прв момент изгледаше сериозна бидејќи таа Рајн го донесе во родното Велес и го запозна со семејството и пријателите.